Interreg - IPA програма за прекугранична соработка CCI2014TC16I5CB006
Published on Interreg - IPA програма за прекугранична соработка CCI2014TC16I5CB006 (http://www.ipa-cbc-007.eu)

Почеток > Важно! Измена на постапката за поднесување жалба на резултатите од оценката на квалитетот и изборот на предлог проекти во рамките на вториот повик

Важно! Измена на постапката за поднесување жалба на резултатите од оценката на квалитетот и изборот на предлог проекти во рамките на вториот повик

18.01.2019

Со одлука на Заедничкиот комитет за следење на Interreg - ИПА Програмата за прекугранична соработка Бугарија - Македонија од 17 јануари 2019 година беше изменета постапката за жалба по оценката на квалитетот и селекцијата на проектни предлози од вториот повик. Измените се во т. 2 "Жалба по техничката оценка и оценка на квалитетот" на Анекс 3 "Постапка за жалба" кон Упатството за аплицирање.

Од постапката отпаѓа барањето пред поднесување на приговор Водечките партнери да побараат од Управувачкиот орган формулар кој ја содржи просечната оценка и збирните коментари на оценувачите. Формуларот се испраќа од Управувачкиот орган до сите водечки  партнери, чии предлози се вклучени во листата со резерви или се отфрлени, како анекс на писмото за резултатите од изборот. На овој начин, приговорите можат да бидат официјално поднесени не подоцна од 7 работни дена по приемот на писмота за резултатите од оценката и изборот.

Изменетиот Анекс 3 "Постапка за жалба" кон Упатството за аплицирање е објавено ТУКА [1].

Files: 
PDF icon attachment_3_complaint_procedure_revised.pdf [1]

Веб страната е кофинансирана од ЕУ преку Програмата за прекугранична соработка ИНТЕРРЕГ - ИПА Бугарија-Македонија.
Оваа публикација е создадена со помош на Европската унија. За содржината на публикацијата целосно е одговорно Министерството за регионален развој и јавни работи на Република Бугарија и на никаков начин не може да се смета дека содржината ги одразува ставовите на Европската унија.


Source URL: http://www.ipa-cbc-007.eu/mk/second-call-news/vazhno-izmena-na-postapkata-za-podnesuvanje-zhalba-na-rezultatite-od-ocenkata-na

Links
[1] http://www.ipa-cbc-007.eu/sites/ipacbc-bgmk-105.gateway.bg/files/attachment_3_complaint_procedure_revised.pdf