Interreg - IPA програма за прекугранична соработка CCI2014TC16I5CB006
Published on Interreg - IPA програма за прекугранична соработка CCI2014TC16I5CB006 (http://www.ipa-cbc-007.eu)

Почеток > Во Сандански се одржа информативен семинар "Нов период - нови можности за развој на прекуграничната соработка помеѓу Република Бугарија и Република Македонија"

Во Сандански се одржа информативен семинар "Нов период - нови можности за развој на прекуграничната соработка помеѓу Република Бугарија и Република Македонија"

26.02.2015

На 25 февруари 2015 година во преполната конференциска сала на Интерхотел Сандански во Сандански во присуство на над 200 претставници на потенцијалните корисници од целиот прекуграничен регион: регионални администрации, регионални структури на централните власти, градоначалници, општински администрации, културни и образовни институции, невладини организации, стопански комори, здруженија од Република Бугарија и Република Македонија се одржа информативниот семинар "Нов период - нови можности за развој на прекуграничната соработка помеѓу Република Бугарија и Република Македонија". 

Семинарот беше отворен од страна на г-ѓа Деница Николова, заменик-министер за регионален развој и јавни работи на Република Бугарија, а на присутните им се обратија и обласниот управител на област Благоевград Бисер Михајлов, заменикот на градоначалникот на општина Сандански Младен Тимчев, и претставникот на парламентарната комисија за европски прашања и контрола на европските фондови Сотир Галбов.

Потенциалните корисници и засегнатите страни од прекуграничниот регион преку презентациите на експертите на Програмата беа запознаени со целите, приоритетите, мерките, буџетот и механизмот за прибирање и оценување на проектните предлози по Програмата за периодот 2014 - 2020. Исто така беа објаснети условите за аплицирање поврзани со дозволивост на кандидатите, нивниот правен статус и регистрација, потребата од партнерство помеѓу организации од двете страни на границата и прекуграничниот ефект на проектите. Во оделни презентации беа  претставени и примерите за успешни проекти, добра соработка и постигнатите резултати во периодот 2007-2013, како и новата визуелизација на Програмата за периодот 2014-2020 и календарот на настани за 2015 година.

Презентациите од Информативниот семинар може да ги најдете ТУКА [1]

 

Веб страната е кофинансирана од ЕУ преку Програмата за прекугранична соработка ИНТЕРРЕГ - ИПА Бугарија-Македонија.
Оваа публикација е создадена со помош на Европската унија. За содржината на публикацијата целосно е одговорно Министерството за регионален развој и јавни работи на Република Бугарија и на никаков начин не може да се смета дека содржината ги одразува ставовите на Европската унија.


Source URL: http://www.ipa-cbc-007.eu/mk/news/vo-sandanski-se-odrzha-informativen-seminar-nov-period-novi-mozhnosti-za-razvoj-na

Links
[1] http://ipa-cbc-007.eu/upload/other/2015-03/Presentations_25.02.2015.zip