Interreg - IPA програма за прекугранична соработка CCI2014TC16I5CB006
Published on Interreg - IPA програма за прекугранична соработка CCI2014TC16I5CB006 (http://www.ipa-cbc-007.eu)

Почеток > Информативна кампања за Вториот повик за поднесување на проектни предлози на Interreg - ИПА Програмата за прекугранична соработка Бугарија – Македонија 2014-2020 на територија на Република Македонија

Информативна кампања за Вториот повик за поднесување на проектни предлози на Interreg - ИПА Програмата за прекугранична соработка Бугарија – Македонија 2014-2020 на територија на Република Македонија

13.02.2018

Заедничкиот секретаријат на Interreg – ИПА Програмата за прекугранична соработка Бугарија-Македонија со задоволство ги поканува сите заинтересирани лица да учествуваат во Информативната кампања за Вториот повик за поднесување на проектни предлози која ке се одржи на територијата на Република Македонија во периодот од 20 февруари до 22 февруари, по следниот распоред:

• Информативен ден со отворањето на информативната кампања во Струмица на 20 февруари 2018 година (вторник) во конференциската сала на хотелот Вила Парк. Почеток на регистрација на учесниците - 10:30 часот.

Информативната кампања ке биде отворена од страна на Министерот за локална самоуправа г-дин Сухејл Фазлиу.

Агендата на настанот може да се најде ТУКА [1].

• Информативен ден во Штип на 21 февруари 2018 година (среда), во конференциската сала на хотелот "Оаза". Почеток на регистрација на учесниците - 10:00 часот.

Агендата на настанот може да се најде ТУКА [2].

• Информативен ден во Куманово на 22 февруари 2018 година (четврток), во салата на Занаетчискиот дом. Почеток на регистрација на учесниците - 10:00 часот.

Агендата на настанот може да се најде ТУКА [3].

 

На Информативните денови експерти од Националниот орган и Заедничкиот секретаријат на Програмата ќе ги презентираат следните теми:

• Барања за аплицирање согласно Повикот за проектни предлози;

• Структура на проектниот предлог и пополнување на формуларот за апликација;

• Апликација и електронско поднесување на проектни предлози.

 

Покрај тоа, сите учесници ќе имаат можност да поставуваат конкретни прашања за развојот на проектните идеи и предлози, барањата при пополнување на документи  за аплицирање и други.

 

ВАЖНО: Поради ограничениот број на места, задолжителна е претходна регистрација. Се препорачува претходно регистрирање за да се обезбеди вашето учество. Ве молиме пополнете го ФОРМУЛАРОТ ЗА РЕГИСТРАЦИЈА [4] кој мора да се испрати не подоцна од 20 февруари 2018 година

                ФОРМУЛАРОТ ЗА РЕГИСТРАЦИЈА може да се најде ТУКА [4]

Вашата регистрација ќе биде потврдена на основа на прв дојден-прв услужен. Доколку се постигне максималниот капацитет пред овој датум, регистрацијата ќе се затвори пред крајниот рок.

 

Со нетрпение го очекуваме вашето присуство!

Files: 
PDF icon 01_draft_agenda_kick-off_and_info_day_-_strumica_2018_mk.pdf [1]
PDF icon 02_draft_agenda_info_day_-_stip_2018_mk.pdf [2]
PDF icon 03_draft_agenda_info_day_-_kumanovo_2018_mk.pdf [3]

Веб страната е кофинансирана од ЕУ преку Програмата за прекугранична соработка ИНТЕРРЕГ - ИПА Бугарија-Македонија.
Оваа публикација е создадена со помош на Европската унија. За содржината на публикацијата целосно е одговорно Министерството за регионален развој и јавни работи на Република Бугарија и на никаков начин не може да се смета дека содржината ги одразува ставовите на Европската унија.


Source URL: http://www.ipa-cbc-007.eu/mk/application-stage-events-news/informativna-kampanja-za-vtoriot-povik-za-podnesuvanje-na-proektni

Links
[1] http://www.ipa-cbc-007.eu/sites/ipacbc-bgmk-105.gateway.bg/files/01_draft_agenda_kick-off_and_info_day_-_strumica_2018_mk.pdf
[2] http://www.ipa-cbc-007.eu/sites/ipacbc-bgmk-105.gateway.bg/files/02_draft_agenda_info_day_-_stip_2018_mk_1.pdf
[3] http://www.ipa-cbc-007.eu/sites/ipacbc-bgmk-105.gateway.bg/files/03_draft_agenda_info_day_-_kumanovo_2018_mk_1.pdf
[4] https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSdgAyF2zayGJmaeW97an3yXXhNzmkPusEdEdT-4A__MUOaqdw/viewform?usp=sf_link