Interreg - IPA програма за прекугранична соработка CCI2014TC16I5CB006
Published on Interreg - IPA програма за прекугранична соработка CCI2014TC16I5CB006 (http://www.ipa-cbc-007.eu)

Почеток > Ден на европската соработка 2017

Ден на европската соработка 2017

18.09.2017

Шеста година по ред во месецот септември 2017 година низ цела Европа ќе биде одбележан Денот на европската соработка со организирање на стотици локални настани. Целта на кампањата, координирана од Европската комисија во соработка со Комитетот на регионите и Европскиот парламент е да се претстават на пошироката јавност постигнувањата на соработката меѓу европските земји и региони.

Министерството за регионален развој и јавни работи (Управувачки орган на Програмата за прекугранична соработка од Инструментот за претпристапна помош Бугарија - Македонија) во соработка со Министерството за локална самоуправа на Република Македонија (Национален орган) и Заедничкиот секретаријат во Ќустендил организираат одбележувањето на Денот на европската соработка со спортски настан на 27 септември 2017 година од 11:00 часот на спортска сала “Арена Петрич” во град Петрич, Република Бугарија.

Под мотото "Заедничките граници не прават поблиски" младите од Петрич и Струмица ке се натпреваруваат во кошарка, одбојка и фудбал со што ке се покаже прекуграничната соработка помеѓу двете држави.

Веб страната е кофинансирана од ЕУ преку Програмата за прекугранична соработка ИНТЕРРЕГ - ИПА Бугарија-Македонија.
Оваа публикација е создадена со помош на Европската унија. За содржината на публикацијата целосно е одговорно Министерството за регионален развој и јавни работи на Република Бугарија и на никаков начин не може да се смета дека содржината ги одразува ставовите на Европската унија.


Source URL: http://www.ipa-cbc-007.eu/mk/news/den-na-evropskata-sorabotka-2017-0